Tags: , , , , ,
Сепак вреди да сe вложува во безбедноста (видео)

Како изгледа кога Toyota Corolla од 2015-та ќе се залета во истиот модел од 1998 година?

» Вообичаено е на младите возачи да им се купи постаро возило кое ќе им послужи на „децата“ да се испраксираат. Сепак, иако овао е универзално непишано правило, во Австралија и Нов Зеланд има посебна тежина поради тоа што младите веќе на 16 години се стекнуваат со правото на возачка дозвола. Убаво сето тоа звучи но, навиката на купување на старо и користено возило со себе носи одредена, не баш мала опасност. И тоа по безбедноста на патниците.

За да покаже на дело што тоа значи, австралиските власти задолжени за безбедност од институтот ANCAP (Australasian New Car Assessment Program) решија да направат интересен тест за безбедност. Тие директно судрија две возила Toyota Corolla со различен датум на производство.

Постариот примерок е произведен во 1998 година и не поседува воздушни перници, додека поновиот е производ од 2015 и е опремен само со безбедносната опрема која се вградува сериски. Огромната разлика во структурата и опремата резултира со фрапантни резултати. Додека во постариот модел куклата Dummy претрпува тешки удари по главата и екстремитетите, во поновиот модел до израз доаѓа безбедносната опрема која успева да го заштити возачот.

Според добиените резултати, постарата Corolla успеа да добие 0,40 а поновиот модел 12,93 од максималните 16 поени. Инаку, ударот е изведен при брзина од 64 km/h. Дали после прегледување на видео прилогот ќе се променат навиките на родителите за купување на возило од постар датум? Не ни изгледа дека е баш така. Да, да не заборавиме дека кај нас сé уште сообраќаат возила произведени далеку, далеку пред 1998 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *