Tags:
Toyota воведува 10-годишна гаранција

Доказ за она што го знаеме

» Toyota редовно е на врвот во сите испитувања за издржливоста на возилата и задоволството на нивните сопственици, заради што компанијата одлучи да им понуди 10–годишна гаранција. Таа е опфатена со Relax програмата која ги опфаќа дури и оние возила на кои гаранцијата веќе им е истечена. Треба да се активира во некој од овластените сервиси, но под одредени услови кои во целост се подразбираат за ваква услуга. Првиот е возилото редовно да се одржува во овластен сервис, што е предуслов за да може да се следи неговата кондиција низ годините – без тоа не е можно ни да се разговара за некаква гаранција, каква и да е, од кого и да е. Активацијата на оваа услуга е бесплатна – единствените трошоци се оние што секако ќе ги платите за работна рака и потрошен материјал при сервисирањето на возилото.

Според условите на гаранцијата, сопственикот на возилото има право на бесплатна поправка во случај на дефект на механичките, електронските или електричните компоненти кој може да се припише на грешки во процесот на производство или вградување. Во оваа програма можат да бидат вклучени сите исправни возила на Toyota кои редовно се одржуваат кај овластени сервисери, не постари од 10 години и со помалку од 160.000 поминати километри. Постојат и некои споредни ограничувања кои поретко се среќаваат, за кои најдобро е да се информирате кај вашиот сервисер, но во секој случај гаранцијата не ги покрива дефектите настанати како последица на редовното трошење на компонентите заради експлоатацијата, како и оние кои произведуваат на пример бучава, вибрации и слично, потоа деловите на каросеријата, гумените делови, внатрешноста, дефектите како последица на надворешни влијанија или природни појави, намерни или дефекти предизвикани од немарност и негрижа или пак преправки и слично.

Битно е и дека со оваа програма гаранцијата се поврзува со возилото и неговиот број на шасија и доколку тоа биде препродадено, таа се пренесува на новиот сопственик.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *