Наскоро и во карго (?!) верзија
» Се развиваше четири години, се произведува нешто повеќе од една година и веќе му се подготвува редизајн – канадскиот производител ElectraMeccanica подготвува нови верзии на електричниот едносед на три тркала Solo, сите со редизајниран изглед. Меѓу нив, покрај основната наменета за урбан транспорт на само едно лице, ќе бидат неговата отворена верзија и сé уште непотврдената карго изведба, иако не е докрај јасно кој дел од возилото би бил наменет за превоз на товар. Но како и да биде, концепцијата ќе остане иста – едно седиште, три тркала, должина од 3,1 метар, електромотор од 56 KS и батерии од 17,4 kWh. Максималната брзина му изнесува 130 km/h, автономијата 160 km, цената 18.500 долари, а сериската опрема вклучува и серво управувач, клима уред, блутут систем за забава…
Треба да се знае и дека иако компанијата е од Ванкувер, ова возило се произведува во Кина.