Зарем е можно?!
» Не требаше да изненади дека седан изведбата на Volkswagen Passat ќе биде исфрлена од понудата на германскиот производител, но изненади што тоа се случи толку бргу и што прва од европските земји каде тој исчезна е домашната Германија – како што можете да видите од фотографијата, остана само караванот. Според сите досегашни најави тоа требаше да се случи во 2023-тата (прочитајте повеќе тука, тука и тука) но ете, Германците повеќе не ги сакаат лимузините иако компанијата досега го гарантираше опстанокот на овој модел кој се сметаше витален за продажната структура на концернот и покрај тоа што целокупниот негов сегмент е пред истребување.