Tags: ,
Денешниот ден во ретровизор <br/>8 ноември 1989 година

Големи желби, уште поголемо промашување (2*видео)

» Во 80-тите години јапонските производители стартуваа со проекти кои имаа за цел да им го подобрат имиџот на американскиот пазар. Се одлучија дека тоа најлесно ќе го направат со креирање нови премиум марки со кои ќе лапнат и некое залче од попрестижните сегменти. Така во 1986 настана Acura, три години подоцна најпрво Lexus во септември а потоа, со отворање на 51 дилерство низ САД токму на денешен ден и Infiniti чиј симбол имаше двојно значење и истовремено претставуваше пат кој се губи во далечина и планината Фуџи. Првиот модел со ознака Q45 беше сестрински креиран со втората генерација на репрезентативниот Nissan President, од кој го доби и 4,5 литарскиот V8 со 278 коњи кој преку четиристепена автоматика ги задвижуваше задните тркала.

Можеби заради недостатокот од амбиции или нешто друго, но гамата на Infiniti започна солидно да се пополнува дури на почетокот на милениумот, како поддршка за претстоечката глобална експанзија која не помина баш најдобро. Денес Infiniti е присутен само на околу 25 светски пазари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *