Од Fiat до Peugeot преку Ford и Chrysler (2*видео)
» Некогаш доста успешниот француски производител на автомобили Simca е основана од страна на Fiat за лиценцно производство на возила во Франција. После втората светска војна доаѓа до постепено одвојување од торинската компанија за во 1951 година да биде претставен првиот самостоен модел Aronde. Голем чекор претставуваше преземањето на францускиот Ford, со што Simca значително ги зголеми своите производствени капацитети со фабриката во Поаси, која функционира и ден-денес. Следеше експанзија чиј тек беше нарушен кога Chrysler во 1963 година ја презеде компанија под свое. Тоа траеше до 1978 година кога тогаш веќе пропаднатата компанија дојде во рацете на Peugeot, кој ја згасна марката а последниот развиен автомобил го претстави како свој, под ознаката 309.