Tags: ,
Топење на снег и мраз од надворешни површини (видео)

Без зима и во зима

» Во поново време, следејќи ги промените во животните навики и потреби, културата на живеење и современиот начин на градба кој тежнее кон максимална искористеност на просторот, посебно во урбаните средини, место лопата за чистење снег се применуваат ефикасни и функционални решенија кои ќе обезбедат слободно и безбедно движење на луѓето и возилата, на пример влезовите во подземните гаражи. За таа цел сé помасовно се користи надворешното подно греење – грејни кабли или грејни мрежи наменети за топење на снегот и мразот. Нивната монтажа е брза и едноставна и можат да се вградат без оглед на завршната подлога бидејќи обично се поставуваат во слојот под неа. Можат да се постават на арматурната мрежа пред налевањето бетон, или пак врз него пред да се нанесе завршната подлога, но и во песок или пак да се вградат директно во асфалт. Во зависност од потребата, грејните кабли можат да се постават по целата површина или само на одредени зони кои се неопходни за слободно движење – патеки или степеништа. На овој начин функционалноста е обезбедена, вложувањето во инвестицијата намалено, а потрошувачката на струја при употреба редуцирана.

За контрола на работата на системите за топење на снег и мраз се препорачува употреба на контролер со можност за отчитување на температурата и влагата. Земајќи ги предвид овие два параметри, системот се активира само тогаш кога постои можност за појава на мраз или задржување на снег на површините кои треба да бидат суви. Освен што обезбедува сигурно движење, терморегулациската опрема ослободува од потребата да се следат временските прилики и преземаат било какви активности за спречување на задржувањето на снегот и мразот таму каде се сака. Освен функционалноста, вградените грејни кабли ги зголемуваат можностите за избор на завршната подлога бидејќи не постои опасност таа да се оштети од механичкото отстранување на снегот и мразот, па може да се користат печатен бетон, па дури и дрво или трева за да се задоволат и потребите на естетиката. Плус на тоа, намалената изложеност на негативните влијанија на снегот и мразот го продолжува животниот век на завршниот слој на надворешните површини, без оглед дали е бетон, бекатон, асфалт или нешто друго.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *