Tags: , ,
Audi A8L Horch – реинкарнирана уште една марка

И Август им се придружи на Адам, Карл, Готлиб, Вилхелм и Фердинанд

» Со преставувањето на Audi A8L Horch се реинкарнирана уште една марка возила и Август повторно доби свој автомобил и им се придружи на Адам, Карл, Готлиб, Вилхелм и Фердинанд кои ја пишуваа германската автомобилска индустрија. Додуша неговото име стои само како суфикс кој може да го толкуваме како субмарка, но така и е со Бенц и Мајбах, а името Дајмлер го носи само компанијата што произлезе од неговата, но е и некој автомобил.

Како и да е, автомобилот што го подготви Audi (што всушност е превод на презимето на Август на латински) заслужуваше да биде означен со славно име. Добиен е со продолжување на А8 за 130 милиметри и додавање малку ексклузивни елементи, скоро исто како и што Mercedes го стори тоа со Maybach. Разликата сепак е недостатокот на храброст на дизајнерите на Audi да им се дозволи да го изменат и предниот дел на лимузината, но и вака е добро. Затоа е и тешко да се препознае Horch верзијата на A8, но патниците во неа секако ќе ја почувствуваат разликата. За нив се наменети две поединечни седишта одвоени со висок централен тунел и екран за контрола на климатизацијата. Секој си има и посебен монитор, а целата кабина е дотерана со префинет материјали и украси. Она што чуди е што Audi се одлучи само за трилитарски V6 бензинец со 340 коњи, во комбинација со 8-степена автоматика и погон на сите четири тркала, но очигледно на Кинезите тоа им е доволно.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *