Tags: ,
Mazda го обнови CX-5

Конечно се сетија и на него

» Откако се сврте кон помалите кросовери го остави сам да се справува со пазарните непогоди, Mazda конечно се сети на CX-5. Претставен 2016-та, тој пред две години доби мали технички измени насочени пред сé кон американските купувачи. Во меѓувреме интересот за него опадна – во Јапонија за една четвртина а во Европа за повеќе од половина. Се вклучи алармот и сега овој теренец доби свое освежено издание. Стилските измени се суптилни но љубителите ќе ги забележат, а во механиката освен дека погонот на сите тркала за пазарот во САД е стандарден, нема промени. Така најголемите корекции доаѓаат со зголемувањето на разликите меѓу пакетите опрема, што ќе се одрази и на цените, кои сé уште не се објавени.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *