Tags: , , ,
Peugeot Pars: Малку поинаков 405

Одбива да се пензионира

» Peugeot 405 е модел кој едноставно одбива да се пензионира. А зошто би и отишол во пензија, кога некаде таму на Блискиот Исток, сé уште има интерес за него?

Добро прочитавте, моделот претставен 1987-мата кој замина од европската автомобилска сцена десет години подоцна, сé уште е актуелен во Иран. Го произведува тамошната компанија Iran Khodro, која го продава под ознаката Pars. Има преден дел кој наликува на 406 и 605 и на располагање на купувачите им е со два атмосферски бензинци, 1,8 литарски со 101 KS (кој може да работи и на компримиран природен гас) и 1,6 литарски со 16 вентили и 109 KS, по цени кои започнуваат од 7.800 евра. И двата мотора стандардно се спаруваат со петстепен мануелен менувач, а посилниот, кој, сака, може да го добие и со четиристепен автоматик.

Ако сето ова ве заинтересира, мора да ве разочараме – заради еколошките и безбедносни норми не е можно да се донесе во Европа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *