Tags: ,
Toyota: Автономните возила се опасни!

Појасно, здравје!

» Акио Тојода, претседателот и извршен директор на Toyota, изрази загриженост заради пребрзиот развој на системите за автономно возење откако едно вакво нивно возило удри во спортист со оштетен вид за време на одржувањето на параолимписките игри. За среќа автомобилот се движеше со само 2 km/h, па никој не е повреден. Извинувајќи се за несреќата, Тојода за системите за автономно возење изрази мислење кое никој не го очекуваше: „Сметам дека сé уште не е реално автономните возила да можат нормално да се движат по обичните патишта“, рече тој, доведувајќи ја во прашање и трката за производство на возила со потполно автономни системи за возење од 5 ниво, додавајќи уште: „Постои притисок кај производителите на автомобили кој прв ќе направи возило со 5-то ниво автономност, но јас реков дека не би требале да скокнеме на тој воз“. Појасно, здравје!

Ова не е прв пат директорот на Toyota да го критикува форсирањето на трендовите. Последен пат тоа го стори порано годинава кога кажа дека Јапонија на лето ќе остане без струја ако сите возила во земјата се електрични.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *