Tags: ,
Пред премиерата на Opel Astra L

Прв поглед на новата Opel Astra

» Подготвувајќи се за нејзината премиера, Opel ни понуди краток увид во новата Astra. Првите фотографии на кои се прикажани само детали од овој желно очекуван модел од компактната класа покажуваат дека е разработен со најголемо внимание. Новата Astra ja одразува јасната и смела дизајн-филозофија на свој сопствен карактеристичен начин кон кој насочи Opel Vizor концептот на новото лице на претстојните модели на оваа марка. Со најновата генерација на прилагодливото осветлување IntelliLux LED без отсјај, Astra ќе донесе водечки иновации во својот сегмент. Еднакво енергичен ќе биде и задниот дел, каде ознаката ќе биде поставена средишно на вратата на багажникот.

Максимална дизајнерска прецизност се среќава и во внатрешноста, каде владее потполно новиот дигитален Opel Pure Panel. Тој под застаклената површина обединува два широки екрани, а бројот на копчиња е сведен на минимум. Впечатливоста на ентериерот се одразува и преку останатото, како што се новодизајнираниот управувач и ергономските седишта. Astra ќе биде на располагање и во практичната Sports Tourer караванска изведба.

Следната генерација на Astra која ќе се произведува во Риселсхајм, ќе отвори и ново електрифицирано поглавје во 30-годишната историја на бестселерот на Opel. Порачувајќи ни да бидеме трпеливи, Германците засега не кажуваат ништо околу тоа, вклучително и дали ќе понудат чисто електрична верзија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *