Tags: , ,
Peugeot 308 (со видео)

Нов ден осамна за Peugeot

» Дојде и тој момент – новиот Peugeot 308 повеќе не мора да се крие од јавноста. Французите за него ги објавија (скоро) сите информации кои во моментов нé интересираат, вклучувајќи ги и термините кога ќе се појави на пазарот. Она „скоро“ во заградите се однесува на цената, на која ќе почекаме уште малку. Дотогаш ќе апсорбираме сé што ни сервираа за него, почнувајќи од фотографиите и видеата кои го потврдија очекуваниот дизајнот на хечбекот кој ќе се зафати во клинч со Golf. Видлив е напредокот во естетските критериуми кои во однос на 208 и 2008 се подигнати повисоко. Атрактивен од секој агол, тој дефинитивно го донесува и тоа како потребното освежување во компактната класа која неколку години наназад е под голем притисок на кросоверите.

Ни механички новиот модел не донесува изненадувања. Поставен е на добро познатата EMP2 платформа која може да биде и електрична, ама 308 не е, барем не засега. Но затоа има плаг-ин хибридни варијанти, и тоа две – со 150 односно 180 бензински коњски сили и електромотор од 81 kW, кои поврзани со автоматскиот осумстепен менувач овозможуваат електрична автономија од 60-тина километри. Класичниот дел од понудата ги дополнуваат 1.2 бензинците со 110 и 130 KS и 1.5 BlueHDi дизелот со 130 KS.

Што се однесува до димензиите, ти се детерминирани со новите пропорции кои на 308 му донесуваат подинамичен изглед и попространа и поопремена кабина. Но, за тоа во некоја друга пригода, кога малку ќе се доближи втората половина од годинава кога треба да биде лансиран.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *