Според кустосот на музејот на италијанската марка
» Наследството е нешто што автомобилските компании со внимание го негуваат. Се разбира тоа не е со иста вредност кај секоја марка, но без дилеми Alfa Romeo на овој план дефинитивно се истакнува благодарејќи на историјата полна спектакуларни сериски и тркачки автомобили чие постоење датира уште од 1910 година. Затоа е и интересно мислењето на човекот што најдобро ги познава, кустосот на музејот на марката Лоренцо Ардицио. Еве што вели тој кои и зошто според него се 10-те најдобри модели на Alfa Romeo на сите времиња.
10. Tipo B P3 (1932)
„Tipo B попознат како P3 е автомобилот со кој Тацио Нуволари оствари легендарни и неверојатни победи, направен со креативни решенија кои го прават брз. Да се вози денес е нешто неверојатно бидејќи сé уште се чувствуваат перформансите. Посебно вредно е тоа што го држите истиот волан како и Нуволари кога во 1932 година победи на големата награда на Италија.“
9. Giulia (2016)
„Денешната Giulia е модел кој веќе се најде во колекцијата на музејот како дел од историјата на марката. Значајно е тоа што предизвикува идентични емоции во возењето како и класичните модели, дополнети со моќен визуелен ефект. Причината е јасна – возилата на Alfa Romeo не се егзотични автомобили кои се возат еднаш месечно за викенд, тие се креирани во нив да се ужива секој ден.“
8. 156 (1997)
„Делувајќи сé уште свежо, 156 е автомобил кој е способен да проектира нова перспектива гледана од било кој агол. Беше нов во смисла на технологиите и дизајнот, но и според ефектот врз публиката и претставува важна пресвртница за Alfa Romeo.“
7. Scarabeo (1966)
„Scarabeo зазема посебно место бидејќи е нешто што не е доволно познато. Многу што влезе во него, тој е преполн историја, ама едноставно немаше среќа – беше засенет со неверојатниот успех на Tipo 33 со кој истовремено настана.“
6. 33 Stradale (1967)
„33 Stradale е икона, не му се потребни дополнителни објаснувања. Но не е само тој, тука се и концептите како Carabo и Cuneo. Неверојатно е како од овој автомобил се изроди половина од автомобилскиот дизајн. Тој е фасцинантен не само како модел, туку и заради тоа што генерално значи за автомобилизмот.“
5. Spider, познат и како Duetto (1966)
„Секогаш ќе постои посебна врска меѓу Alfa Romeo и спајдер возилата кои марката ги има многу. Но Duetto не е само еден од нив, тој е посебен бидејќи се работи за секојдневен автомобил, дел од вообичаениот живот, кој воедно е и култен модел.“
4. 158/159 Alfetta (1938/1950)
„Редните осумцилиндрични машини се нешто посебно, имаат одличен звук и најдобри се за возење. Посебен автомобил е и Alfetta во двете свои верзии 158 и 159, не само што е светски шампион туку и затоа што се работи за исклучително софистициран автомобил. Тој мора да се почитува, тој е икона, автомобил со кој Џузепе Фарина и Хуан Мануел Фанџо жареа и палеа на првите шампионати во формула 1.“
3. 8C 2300 (1931)
„Не е тркачки едносед но го има редниот осумцилиндричен мотор употребен во Grand Prix тркачот на Alfa Romeo. 8C 2300 е автомобил со моќна аура чиј баланс на перформансите и возните својства треба навистина да се цени. Покрај тоа дизајнот му е чист и впечатлив, тоа е автомобил кој мора да се сака.“
2. 24 HP (1910)
„Од причина што е прв автомобил уште кога марката се викаше A.L.F.A. не е посебно забавен за возење, сепак е од 1910 година. Меѓутоа во 24 HP навистина можете да ја почувствувате атмосферата од која е родена Alfa Romeo.“
1. Giulia Sprint GT (1963)
„Во својата душа автомобилите на Alfa Romeo содржат повеќе карактеристики, од кои веројатно најсилно и најважно е перфектниот баланс меѓу формата и функционалноста. Лично сметам дека токму рамнотежата меѓу она што можете да ги видете и оно што можете да го почувствувате во возењето е фундаментален аспект на Alfa Romeo. Некои автомобили подобро го покажуваат тоа од другите, како што е Giulia Sprint GT бидејќи има есенцијален дизајн – само три линии беа доволни да се креира нешто што е совршено. А кога пак се вози, навистина можете да го почувствувате овој автомобил како дел од себе.“