Ситна, ама битна работа
» На секое ветробранско стакло забележуваме црни точки по рабовите, најмногу во подрачјето околу ретровизорот. Тие имаат повеќе функции, сите донекаде важни. Имено, кога ветробранското стакло се витка во индустриските печки тоа се прави на висока температура, при што доаѓа до дисторзија на рабовите, што пак влијае на видливоста на тие места. За да се намали тоа производителите на стакла ги додаваат овие точки кои имаат задача порамномерно да ја распределат температурата, со што се намалуваат деформациите на тие подрачја. Понатаму, овие точки помагаат и за подобро заптивање на ветробранско стакло, односно за подобро прилепување на лепилото по рабовите, истовремено прикривајќи ги и трагите од него. Точките пак распоредени околу ретровизорот имаат естетска и заштитна функција да спречат сончевите зраци да заслепуваат.