Tags: ,
Забрана за гуми постари од 10 години

За поголема доверба во безбедноста на возилата

» Грижата за безбедноста во сообраќајот што властите во Велика Британија ја спроведуваат доведе до низа закони и правила кои ги нема во другите земји – најновото е дека на некои возила ќе бидат забранети гуми постари од десет години. Ова правило ќе стапи на сила во февруари и се однесува на гумите на управувачките оски на камионите и автобусите. Дополнително, возачите ќе мораат да го означат датумот на монтирањето на гумите, а ознаката за тоа мора да биде видлива и очувана. Со ова се сака да се постигне и возачите на камионите и автобусите, како и патниците, да имаат поголема доверба во безбедноста на возилата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *