Tags: , ,
Škoda најави уште два електрични модела

Одредени електричните приоритети

» Марките во Volkswagen групата секоја за себе ја креираат сопствената стратегија за претставување електрични модели, во која според Чесите приоритет треба да им се даде на мал градски автомобил и семејна лимузина. Тоа го изјави првиот човек на Škoda Томас Шефер наведувајќи што според нив е најважно да следи после Enyaq iV. Тој предвидува во наредните две години да се појават само овие два модела, сметајќи дека според финансиските можности да се инвестира во развојот тие се сосема доволни и дека нема да се случи Škoda да има електрични еквиваленти на сите свои конвенционални модели. Тој исто така ја отфрли можноста и за наскоро лансирање на хечбек со големина на ID.3 позициониран под Enyaq, наведувајќи дека тоа евентуално може да се случи дури некаде на средината на деценијата што претстои. Но затоа гордо потврди дека електричниот SUV ќе добие свој купе дериват при крајот на следната година.

Основа за ваквата воздржаност на Шефер во време кога другите се расфрлаат со најави за целосна електрификација на своите портфолија се и производствените капацитети со кои располага Škoda, кои во моментот работат со 118 отсто од капацитетот. Тој проблем ќе се надмине дури во 2023 година, кога производството на наредната генерација на Superb ќе се префрли во фабриката на VW во Братислава.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *