Најскап бензин беше 89, а најевтин 48 денари
» Цените на горивата се високи, но кога беа највисоки а кога најниски? Одговорот го побаравме во годишните извештаи на регулаторната комисија за енергетика, каде после нивно детално чешлање откривме дека во бензинот 95 бил најскап во април 2012 година – 89 денари за литар, а најевтин исто во април но 2020-тата, само 48 денари. Дизелот, пак, сега ја има истата рекордна цена како во март 2012-тата, 75,50 денари за литар, додека во јануари 2016-тата за него сме плаќале безмалку половина од тоа – 39 денари.
Напоменуваме дека сегашните горива кај нас се во продажба од средината на 2009 година, така што споредбата со цените пред тоа нема смисла.