Tags: ,
Целосна електрификација на доставната гама на Peugeot

Електрична револуција и кај доставните возила

» Peugeot целосно ја електрифицираше гамата комерцијални возила, кои ја задржаа функционалноста на конвенционалните дизел верзии, но без бучава, вибрации, емисии и мирис на гориво. Ова е доволно за радикално да се промени животот на корисниците и нивната околина. Со оваа комплетна палета од 100% електрични комерцијални возила, еден од првите на пазарот Peugeot се стреми да биде лидер во продажбата на целосно електрични комерцијални возила во Европа до 2022 година. Целта е да се понуди ново ниво на спокојство на професионалците и да се намалат традиционалните форми на загадување, во време кога актуелните општествени трендови бараат сè повеќе и повеќе комерцијални возила во урбаните средини.

Peugeot ќе испорача 4.000 електрични возила во Европа годинава, а веќе има резервирани нарачки за 10.000 возила.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *