Треба ли при стартување на моторот да се притисне педалата на спојката?

Кај некои автомобили да, кај некои не, но препорачливо е кај сите

» Да ли е исправно да се стартува моторот на автомобилот со притисната педала на спојката или не? Некои велат дека така е подобро заради помалите отпори и за зачувување на менувачот и електростартерот,  а други не заради притисокот на маслото. Но најдобриот одговор доаѓа од конструкторите на автомобилите бидејќи кај некои тие одлучиле педалата на спојката да мора да биде притисната инаку моторот нема да стартува. Да не е исправно тоа, сигурно не би си ја комплицирале работата со вакво решение.

Сепак, да објасниме малку зошто е препорачливо притискањето на педалата на спојката при стартување на моторот кај сите автомобили. Имено, кога ќе се притисне педалата на спојката менувачот физички се одвојува од моторот и електростартерот има помал отпор за негово задвижување. Со притисната спојка не се врти влезното вратило на менувачот заедно со снопот запченици, синхроните прстени, канџестите спојки и лежиштата. Со тоа, посебно кога е студено и маслото во менувачот е згуснато, се намалува струјата што се влече од акумулаторот, со што тој се штеди.

Кај оние возила, обично јапонски и корејски но и некои европски кај кои моторот не може ни да се стартува без да се притисне педалата на спојката, тоа е направено од безбедносни причини за ненадејно да не тргне возилото нанапред (или наназад) ако менувачот не е во неутрална позиција.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *