Tags: , , , ,
Citroen My Ami Buggy – откачено автомобилче за откачени нешта (видео, галерија)

Подготвено за сé

» Citroen Ami не е ништо повеќе од играчка за строго ограничена целна група купувачи, ама Французите вешто му додадеа дополнителен импулс на она што е за да стане она што никој друг не го нуди, а искрено кажано и нема да се осмели да го понуди. Затоа и оваа негова најнова итерација не треба да нé изненади, посебно не што сигурно нема да биде последна. По вокација електричен четирицикл, Ami е наменет за строга експлоатација во урбаните средини. Но за да не мора така да биде, покажува и овој концепт кој во своите гени експонира чисти теренски карактеристики. И тоа не само по изгледот, иако е очигледно дека тоа во ова модерно време е најбитно. Затоа нема понатаму да филозофираме, туку ќе ве препуштиме на раат да ги разгледате фото-галеријата и видеото.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *