Tags: ,
Раѓањето на Unimog

Името кажува сé

» Настанувањето на Unimog е последица на тешката ситуација во послевоениот период кога на разрушената Германија ѝ недостигаше сé, најмногу храна. Проблемот не беше едноставен за решавање – и да имаше кој да работи на полињата, храната требаше да биде произведувана во големи количини, а потоа и доставена до градовите. Ваквата ситуација му даде идеја на Алберт Фридрих, поранешен шеф на развојот на авионски мотори во Daimler, кој со својот тим инженери конструира универзално моторно возило кое истовремено можеше да случи и како земјоделска машина и како мало камионче. Затоа и го доби името Universal-Motor-Gerät, во превод универзален моторен уред, на скратено Unimog. Од техничка гледна точка тоа имаше генијална конструкција – на сé беше мислено, издржливоста, практичноста, употребливоста во сите услови и за сите намени… Тоа најдобро го илустрираат трагите на тркалата кои изнесуваа точно колку два реда компири. Првите тест возења беа направени во октомври 1946 година, а возилото на јавноста беше покажано на земјоделскиот саем во Франкфурт 1948 година каде собра 150 нарачки.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *