Проблеми со издувниот систем на автомобилот

Како да се детектираат проблемите со издувниот систем на автомобилот

» Во низата проблеми кои можете да ги имате со автомобилот, оние со издувниот систем едноставно ги игнорираме. Но не треба, бидејќи можат да бидат поприлично сериозни. Како да ги препознаеме?

Ако дојде до намалување на силата на моторот, причината може да биде во издувниот систем. Истовремено, заради тој проблем може да порасне и потрошувачката. Мирисот на согорено гориво во кабината е предупредување дека на издувниот систем дошло до пукање и пропуштање. Ако пак се јави непријатен мирис, причина за тоа може да биде откачена издувна цевка или пак издувна гранка чија топлина ги гори околните пластични делови. Смрдеата ќе ве предупреди дека морате итно во сервис – се појави ли чад, тогаш е предоцна. Ако почувствувате дека моторот е побучен од порано, причината може да биде заптивката на издувната гранка. Можат да се појават и специфични звуци кои потсетуваат на шиштење или пак на тропкање кои се посилни при стартувањето на возилото, додека моторот е ладен и при забрзувања. Почувствувате ли мирис на сулфур и ако температурата на моторот се зголемува, тоа е знак дека дошло до блокада на катализаторот и издувните гасови не излегуваат како треба.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *