Новиот модел на Tesla на нишан ќе го има VW ID.3
» Додека Tesla не може да ја доекипира фабриката во Берлин со работници, во седиштето на компанијата се крои новиот модел кој ќе биде наменет за Европа. За него се знае многу малку – практично ништо освен дека ќе биде помал од Model 3, што директно сугерира дека на нишан ќе го има Volkswagen ID.3. Одлуката на Илон Маск фокусот да се стави на ваков поевтин автомобил би можела да одигра многу важна улога во сеопштото прифаќање на електричните возила. Идеалниот момент за негово лансирање би бил околу 2025 година, што значи дека ако постои вистина во овие гласини би можеле наскоро да го видиме на некоја презентација на компанијата. Може да го очекуваме со цена под 30.000 евра, па дури и пониска. Колегите од Auto Express и нивните фотошоп експерти се обидоа да доловат како би изгледал.