Tags:
Денешниот ден во ретровизор <br/>4 јуни 1896 година

Поставување на темелите за иднината што следеше

» Проширувајќи ја со секира вратата од бараката зад својата семејна куќа каде што го беше направил, 32-годишниот Хенри Форд тргна на пробно возење со своето прво возило кое го нарече квадрицикл бидејќи имаше тркала од велосипед. Помина низ неколку улици на Детроит возејќи зад еден свој пријател кој на велосипед пред него ги предупредуваше пешаците и возачите на запрежните возила. Иако е преамбициозно ваквите возила да се наречат автомобили, тие со својот пионерски ентузијастички пристап оставија силни траги во развојот на автомобилската индустрија поставувајќи ги темелите за иднината што следеше. Така беше и со ова, кое Хенри Форд го продаде за 200 долари и кое му ги отвори портите кај Томас Едисон кој го вработи поддржувајќи ги неговите автомобилски амбиции. А токму тие доведоа до основање на Ford кој и ден-денес е еден од најголемите автомобилски конгломерати во светот.

Ова возило денес се наоѓа во музејот на Хенри Форд во Дирборн, Мичиген.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *