Не е лесно да се биде одликаш
» Новата серија на стандардизираните EuroNCAP краш тестови покажа дека не е лесно да се биде одликаш – највисоката оценка ја освоија пет, а со четворка поминаа два нови модела. Петте ѕвездички се значајна награда за Alfa Romeo, Cupra, Kia и Mercedes чии Tonale, Born, Sportage, Citan и T-класа покажаа дека можат да се носат со предизвиците на безбедноста, додека пак тоа не им успеа на Toyota и BMW со Aygo X и i4 кои освоија по ѕвездичка помалку. Зошто и како, погледнете во видеата.