Tags:
Нови цени на горивата: Рекорди се нижат…

Човек веќе не знае како да реагира

» Навистина, што треба да кажеме за новите цени на горивата кои се повисоки, ама не толку колку што се исплашивме дека ќе бидат? Најпаметно, иако тоа воопшто не е паметно, ќе биде да си молчиме, за да не испадне онаа „ Дал’ да плачам ил’ да пеам“. Но, бидејќи мора нешто да кажеме, ќе се воздржиме од констатацијата дека рекорди се нижат и ќе се обидеме најкратко можно да ви го пренесеме соопштението од регулаторната комисија за енергетика во кое се вели дека од ноќеска во Македонија, без разлика што ќе се случува со светот, за литар еуросупер БС-95 бензин ќе се плаќа по 84 денари, за литар еуросупер БС-98 по 86 денари, а за литар еуродизел БС Д-Е V по 75,50 денари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *