Нова електрична Dacia во 2024 година
» Не беше концептот на водород единствената новост од Renault деновиве. Тој всушност беше извлечен од контекстот од прес-конференцијата на која групата ги соопшти финансиските резултати за минатата 2021 година. Но за јавноста очигледно поинтересно од тоа дека после две години загуба производителот повторно е во позитивните води се неговите планови за блиска иднина. А во нив се кријат интересни нешта, токму како што е и водородниот концепт кој ќе го видиме за некој месец. Според агендата, во 2022 и 2023-тата освен новиот Austral не треба да очекуваме нешто бомбастично ново, но затоа 2024 година ќе биде богата со новитети. Веќе знаеме за Renault 4 и Renault 5, а во план тука се уште еден автомобил и едно комби од француската марка, како и нова електрична Dacia која треба да го замени Spring. Новитети ќе има и од Alpine, додека планот на групата иако ја опфаќа и 2025-тата, очигледно е дека не е разработен дотогаш.