Tags:
Renault подготвува концепт на водород

Засега сé е мистерија

» Една фотографија и неколку реда текст во кои се кажуваат само две работи – дека новиот концепт на Renault ќе биде претставен во мај и дека ќе има водороден мотор. Не се споменува ни каков, дали горивни ќелии или пак мотор со внатрешно согорување кој место бензин како погонско гориво ќе троши водород – сé е мистерија. Според Французите, тој е дел од стратегијата за одржлив развој и за него ќе бидат користени рециклирани и материјали кои ќе можат да се рециклираат. Веројатно ќе биде кросовер, иако сликата може да нé излаже. Дизајнот му е нешто ново, не премногу но доволно да покаже во кој правец во иднина ќе се развива стилското изразување на марката.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *