Што ако стар дизел започне подобро да влече?

Веднаш на сервис!

» Секој мотор како старее така треба да губи од силата, некои помалку, некои повеќе. Но ако се случи турбодизел мотор, посебно оние со многу километри, да започне подобро да влече, тогаш веднаш на сервис. Причини за грижа има – понекогаш порастот на силата е прекумерен и моторот нема да може да го издржи. Ова се случува со неконтролиран пораст на притисокот на натполнење заради зачаден и/или блокиран waste-gate вентил кој е вграден во издувната цевка пред турбината. Задолжен е за ограничување на притисокот на натполнење за да се спречи преголемо топлинско и механичко напрегање на моторот. Тој се отвора кога притисокот зад компресорот ќе ја надмине максималната вредност и пропушта дел од издувните гасови кои место да ја задвижуваат турбината одат директно во издувната цевка. Со тоа се ограничуваат брзината на вртење на турбо компресорот и натпритисокот што го создава, од кој директно зависи колку воздух (а со него и гориво) ќе влезе во цилиндрите. Ако таа количина е поголема од онаа за која моторот е проектиран, тогаш доаѓа до зголемување на неговите оптоварувања, што е штетно дури и ако се случува во помали мерки.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *