Треба добро да се размисли
Ова се причините за и против ноќното возење, посебно на долги релации
За
Возењето ноќе е попријатно, посебно при големи жештини. Сообраќајот е значително поредок и може да се вози со уедначен ритам, со што се штедат виталните делови на автомобилот и гориво. Светлата на другите автомобили оддалеку предупредуваат на нивното доаѓање, а може да се забележат и зад невидлив дел на свиок, со што се олеснува престигнувањето и намалуваат ризиците. Вообичаено, ноќе се вози со поголемо растојание меѓу возилата.
Против
Ноќното возење треба да се избегнува ако врне, бидејќи видливоста значително е влошена и се зголемува ризикот од налетување на побавни возила, пешаци и велосипедисти. Ноќе сте изложени на често заслепување од возилата од спротивната насока, а заради ноќните миграции зголемен е и ризикот од налетување на животно на патот. Видливоста битно зависи од состојбата на сигнализацијата на сообраќајницата. Секако, ризикот од замор е зголемен.