Tags: ,
Што е AdBlue и зошто служи (видео)

За почисти дизел издувни гасови

» Уште пред воведувањето на Еуро 6 еколошките норми стана јасно дека дизел моторите посебно на комерцијалните возила мора да користат ефикасен третман на издувните гасови за нивно прочистување од азотните оксиди. Решението е пронајдено во AdBlue адитивот кој е раствор на уреа во дестилирана вода во сооднос 32,5 наспрема 67,5 отсто. Со негово вбризгување во издувните гасови настанува амонијак кој реагира со азотните оксиди разложувајќи ги на азот и водена пареа. Но иако ефикасно, ова решение технички не е сосема едноставно за изведување – потребно е вградување на посебен SCR катализатор во кој се одвива процесот и на резервоар за AdBlue адитив кој редовно треба да се дополнува – неговата потрошувачка се движи од 2 до 6 отсто од потрошувачката на дизел горивото.

Сепак за постигнување на ниските количини  штетни гасови кои ги пропишуваат нормите потребни се и EGR техниката за рециркулација на издувните гасови и филтер за цврсти честички, кој редовно треба да се регенерира заради нешто поголемата количина на саѓи што се создаваат со враќањето на издувните гасови во цилиндрите бидејќи колку е поголем нивниот степен толку помалку треба да се вбризга AdBlue адитив. Сето ова покажува колку еколошките норми им го загорчуваат животот на конструкторите, но и на купувачите заради сé повисоките цени на возилата, поскапото одржување и покомплицираната експлоатација.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *