Синтетичко масло кај стар автомобил – да или не?
» Општо познато е дека синтетичките масла се поквалитетни – подобро го чистат моторот и ја одведуваат температурата, со што се намалува потрошувачката и се продолжува векот на траење. Но прашање е дали вакво масло може да се користи кај старите мотори. Имено, за обичните атмосферски мотори (без турбо компресор) сосема е доволно полусинтетичко масло 10W 40, но користењето потполно синтетичко, иако реално нема потреба од тоа, нема да штети. Сепак не кај сите – кај старите мотори произведени пред ’90-тите години ваквото масло може да биде преагресивно за заптивките.