Tags:
Турбо компресори со променлива геометрија (видео)

Крпење на турбо-дупката

» Турбо компресорите како еден од системите за зголемување на силата на моторот имаат сериозен недостаток – таканаречената турбо-дупка. Таа се јавува од причина што при ниски вртежи издувните гасови немаат доволна брзина за да може компресорот да постигне натпритисок и моторот се однесува како да нема турбо компресор. Но кога бројот на вртежи ќе искачи на потребното ниво доаѓа до експлозивно зголемување на силата, што може да биде опасно. Затоа инженерите смислиле решение со кое се менува пресекот на протокот на издувните гасови – при ниски вртежи тој е помал со што се зголемува нивната брзината, а при повисоки е поголем.

Тоа се постигнува со задвижување на статорските лопатки на турбината што се прави со полжест механизам со електромотор на основа на информациите од сензорот за натпритисок кој се наоѓа зад компресорот и брзината на вртење на моторот. Со свртување на лопатките се обезбедува правилно насочување на издувните гасови на лопатките на роторот на турбината при сите брзини на вртење, со што се постигнува поцелосна ефикасност на компримирањето на воздухот. Тоа е посебно важно при ниски вртежи кога затворените лопатки го намалуваат пресекот на струење и ја зголемуваат брзината на издувните гасови. Со тоа се забрзува одзивот на притисокот на педалата за гас и се намалуваат негативните ефекти на турбо-дупката. Турбо компресорите со променлива геометрија од првата генерација имаа вакуумски механизам за свртување на статорските лопатки на турбината и таканаречен waste-gate вентил кој при одреден притисок испушташе дел од издувните гасови директно во издувниот систем кога нивната брзина ќе станеше преголема со што се јавуваше опасност од преоптоварување на турбо компресорот и на моторот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *