Tags:
Ако инструмент таблата не работи…

Ништо не може да се импровизира, ниту сами да го поправете

» Дефектот на инструмент таблата може да биде ноќна мора. Треперењето на инструментите значително го отежнува возењето, а целосното откажување практично го оневозможува. Во секој случај загрозени се безбедноста и паричникот на сопственикот на автомобилот. Голем проблем е што повеќето сервиси, било овластени било други, се сакаат да се впуштаат во зафати на инструмент таблата, дури и во случај на прегорена сигнална ламбичка. Најчесто препорачуваат замена што бара и програмирање односно иницијализација на сите покажувачи и ускладување на кодот на клучот за активирање на заштитата против кражба. Сето тоа чини многу, дури и премногу – бидете среќни ако поминете со помалку од илјада евра. Кај угледните марки сумата се искачува и до двојно од тоа, што значи дека ако автомобилот е постар од 7-8 или повеќе години сметката може да изнесува четвртина, понекогаш и повеќе од третина од вредноста на целиот автомобил. Во тој случај замената на неисправната инструмент табла со нова е апсолутно неисплатлива и преостанува само поправка. Замената со половна како алтернатива пак носи други проблеми – потребно е прилагодување на софтверот, првенствено со менување на бројот на шасијата, километражата ако тоа ви е битно и кодот на електронската блокада на моторот.

Причината зошто сервисите не сакаат да се нафатат со поправка на инструмент таблата е комплицираната дијагностика и недостатокот на делови за тоа. Прво треба да се открие што е откажано – процесорот, напојувањето, кондензаторите или ЛЦД екранот. Притоа често се среќаваат со манипулирани податоци кои им ја отежнуваат работата, по правило кај возилата увезени од странство на кои километражата им е враќана, некогаш два пати, и таму и кај нас. Неконзистентноста на податоците може да укажува и на тоа дека автомобилот е украден, преправан или на друг начин сомнителен. Ако се има среќа и во случај на мал дефект цената на поправката ќе биде пристојна, а квалитетно поправената инструмент табла еднакво функционална како и кога била нова.

Проблемите се најчести кај процесорот, кој е чувствителен на влага и високи температури. Тој ги добива информациите од контролната електроника на возилото која со своите сензори ги собира податоците за најважните параметри во возењето кои го овозможуваат исправното функционирање на инструментите, екранот и сигналните ламбички. Високите температури негативно делуваат и на кондензаторите бидејќи тие се сушат, им паѓа капацитетот и откажуваат. Неисправниот ЛЦД екран не се поправа, туку едноставно се заменува. После поправката следи калибрацијата, која ако се менува само процесорот по правило не е потребна. После неговото одлемување и вадење, со уред за електронска дијагностика се вчитува софтверот од него за да се програмира новиот процесор, по што тој се поставува и залемува. Дека е потребна хируршка прецизност за тоа не треба да споменуваме. Електронскиот код на контактниот клуч по правило останува после замената на процесорот, но ако електрониката не го препознава, треба да се иницијализира.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *