Tags:
Како работи EDS системот (видео)

Едноставна функција од голема помош

» EDS системот што е кратенка од германскиот Elektronische Differenzialsperre, во превод електронско заклучување на диференцијалот, е електронска функција на автомобилот која го работи истото што и самоблокирачкиот диференцијал, односно го изедначува бројот на вртежите на тркалата (а со тоа и распределбата на вртежниот момент) кога едно од нив ќе пролизга. За разлика од механичките самоблокирачки диференцијали кои тоа го прават со самокочните хеликоидни запченици, овој систем ја активира сопирачката на тркалото што пролизгува. Тој всушност е функција на системот за контрола на тракцијата и за своето функционирање ги користи сензорите од системот против блокирање на тркалата при кочење. Ги подобрува возните својства на лизгава подлога, но во  теренско возење има ограничена употребливост бидејќи при подолго користење сопирачките се загреваат. Најмногу корист од него има при возење, посебно при тргнување на снег или во кал. Различни производители имаат различни називи за него, а освен германскиот EDS почесто се среќава и англискиот еквивалент на кратенката EDL (Electronic Diferential Lock).

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *