Tags: , ,
Ford F-150 Lightning

Народот е желен струја!

» Претставувањето на електричниот Ford F-150 Lightning помина со голема помпа. Добрите карактеристики, уште подобрата цена и секако наследството на името што го носи предизвикаа инстанта реакција на купувачите, кои очигледно желни за струја, побрзаа со повратен депозит од 100 долари да си резервираат примерок за себе иако ќе треба да чекаат најмалку година дена на испорака. Резултатот беше 20.000 резервации за првите 12 и 44.500 за првите 24 часа. Со не така експлозивно темпо бројките продолжија да растат и за осум дена стигнаа до 70.000 а за три недели до 100.000. Сепак треба да се знае дека ова не се нарачки туку само резервации кои сигурно нема сите да се преточат во продажба.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *