Mitsubishi Pajero и неговите браќа
» И во не така блиското минато, Mitsubishi, како и сега, немал јасна стратегија за настап на извозните пазари. Затоа, што е слабо познато, неговите модели се имаат продавано ребрендирани под разни имиња. Типичен пример е легендарниот Pajero, поточно неговата прва генерација, која едно време во САД се продаваше како Dodge Raider, а во Велика Британија како Colt Shogun. И во двата случаи се работи за истиот автомобил, не некоја негова лиценцирана верзија како што е Hyundai Galloper. Затоа да не ве чуди што одговорот на прашањето од насловот е дека сте знаеле, ама не сте биле свесни за тоа.