Tags: ,
Škoda Tudor (2002)

Superb во купе изведба

» Штета што Škoda немаше планови со купето Tudor кое и денес зрачи со безвременска елеганција и спортска привлечност, но целта на концептот беше само да се покажат потенцијалите на чешките дизајнери. А тие не само што дизајнираа добро урамнотежен автомобил кој и ден-денес е убав, туку и поставија темели за инспирација и наговестија полно детали кои подоцна ги видовме на идните модели. Настана како резултат на желбата за истражување нови пазарни подрачја, во време во кое голем предизвик беше да се дефинира нешто со што ќе се покаже дека чешката марка цели многу подалеку од позициите на кои ги постави тукушто пензионираната Felicia.

А дизајнерскиот тим ги надмина сите очекувања. На првите скици Tudor имаше оригинален изглед на предниот и задниот дел, сосема различно од она што тогаш се произведуваше. Следеше изработка на макета во размер 1:4, во која фаза беше „зауздан“ со приближување до сериските автомобили, во конкретниот случај тукушто лансираниот Superb. Следеше модел од пластика во реална големина и на крај вистински автомобил. Сето ова траеше само неколку месеци. Премиерата ја имаше на салонот на автомобили во Женева во 2002 година каде предизвика восхитувачки реакции, за потоа да си го најде своето место во фабричкиот музеј во Млада Болеслава.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *