Класичен транспортер за превоз на класичен Porsche
» Поседувањето класичен автомобил е задоволство но и обврска. За задоволството да биде комплетно тој треба одвреме-навреме да се покаже на некој специјализиран собир на љубители на класични автомобили, а обврската е да се чува како капка вода на дланка. Заради тоа и возењето до местото на собирот е исклучено – треба да се има и соодветен превоз за него. Сопственикот на ова Porsche ногу добро го знае тоа и затоа го преработил овој автобус во подвижен дом за неговиот миленик. Разгледајте го, вреди сите 320.000 долари.