Tags: ,
Европа на пресвртница – продадени повеќе електрични отколку дизел возила

Струја место дизел

» Трендовите се кристално јасни – во струјата е иднината која очигледно веќе дојде – се случи да бидат продадени повеќе електрични отколку дизел возила. Токму тоа, за прв пат во историјата, го покажуваат податоците за продажбата за декември во Европа. Не цела додуша туку на само 18 западноевропски пазари, на кои во последниот лански месец од вкупно продадените возила 21 отсто се електрични а 19 отсто дизели. Важно е да се истакне дека се работи за целосно електрични возила, без вклучени плаг-ин хибриди како што понекогаш се даваат податоците за продажбата. Ова е јасен сигнал во која насока ќе тргне и ќе се движи годинава во која штотуку зачекоривме – останува само да се види до каде дизелите ќе бидат истиснувани од електричните возила.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *