Од утре дизелот ќе биде поевтин, но бензинот не
» Регулаторната комисија за енергетика на својата денешна седница реши да плаќаме помалку за дизел, но не и за бензин – од полноќ литар дизел ќе чини за денар и половина помалку. До ваквото поместување е дојдено како резултат на намалувањето на референтната цена на бензинот на светските берзи за 1,511% и на дизелот за 4,234% и истовременото поскапувањето на доларот за 1,356%. Протнати низ нашата математика наречена методологија за формирање на највисоки малопродажни цени на одделни нафтени деривати и горива за транспорт, овие проценти се трансформираат во 75 денари за литар Еуросупер БС 95, 77 денари за литар Еуросупер БС 98 и 66,50 денар за литар Еуродизел БС Д-Е V.