Безусловна љубов
» На денешен ден 1967 година Citroen ја претстави Dyane. Замислувајќи го овој автомобил како наследник на Спачек кој веќе беше во години и трпеше сериозни напади од Renault 4, Citroen во целост ја задржа неговата концепција. Dyane сепак не успеа да го замени популарниот Citroen 2CV, но си створи еден свој свет околу себе во кој луѓето безусловно ја сакаа иако на почетокот се нудеше со анемичен двоцилиндричен воздушно ладен мотор од 425 cm³ и 18 KS, за кариерата да ја заврши во 1983 година после 1.444.583 произведени примероци.