Tags: ,
Денешниот ден во ретровизор <br/>1 јануари 1906 година

Peugeot, но со малку поинакви корени

» На денешен ден 1906 година започна продажбата на првиот автомобил од марката Lion-Peugeot, која не треба да се меша со Peugeot. Имено, семејството Пежо имаше долга традиција на производство на челични компоненти и механизми, разни алати, предмети за домаќинството како мелници за кафе и друго. Но Арман Пежо се заинтересира за автомобилите и во 1889-тата го направи првиот автомобил, кој имаше три тркала и парен погон, за веќе наредната година да конструира вистински автомобил со четири тркала и бензински мотор. Следеа други модели кои успешно се пробиваа на пазарот, но остатокот од семејството предводено од неговиот братучед Ежен не гледаше благонаклоно на тоа бидејќи учеството во авто-бизнисот бараше обемни инвестиции кои ќе ја обврзеа компанијата на голема промена на насоката, далеку од производите со кои имаше докажано искуство. Плус на тоа компанијата произведуваше велосипеди, кои во тоа време можеа да се гледаат како побезбедна инвестиција од автомобилите. Затоа Ежен се спротивстави на Арман, кој заморен од долгогодишното несогласување околу тоа колку интензивно треба да се инволвираат во производството на автомобили, основајќи ја компанијата на која ѝ го даде своето презиме, се одвои од семејниот бизнис, кој во помал обем продолжи да произведува велосипеди, трицикли и четирицикли, некои со мотори, а некои без. Во текот на следните десет години бизнисот на Арман рапидно растеше, а односите со семејството не му беа срдечни.

Независно од него, во 1906-тата синовите на Ежен – Роберт, Пјер и Жил, откако претходната година им беше пренесена контролата над семејниот бизнис, започнаа со производство на автомобили под марката Lion-Peugeot која настапи доста успешно. Односите со Арман кој немаше машки наследник станаа помалку конфронтирачки и после смртта на Ежен во 1907-мата, постепено доближувајќи ги ставовите, во 1910 година двете компании се споија. Но и после тоа, сé до 1916-тата, некои помали модели продолжија да се продаваат како Lion-Peugeot.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *