Tags: , ,
Во очекување на реинкарнацијата, Renault 4 полета (видео)

Дрон место роденденска торта

» Renault се фати за ретро темите и не и пушта, изнаоѓајќи секакви можни начини да ги поврзе со иднината. Еден од порадикалните е и летечкиот дрон место роденденска торта кој беше лансиран за да потсети дека годинава Renault 4 го слави својот 60-роденден. Така, во очекување на неговата реинкарнација го видовме идниот модел во облик на макета поставена на високософистициран дрон кој може да лета со скоро сто километри на час. Но бидејќи неговите спецификации немаат никаква врска со автомобилот што го очекуваме, сето ова го сфаќаме само како забава за да го скратиме времето додека чекаме тој во опиплива форма да се појави на четири тркала, а не на четири пропелери. Затоа, ако сакате, погледнете го видеото, а ако не, не морате.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *