Tags: ,
Денешниот ден во ретровизор <br/>4 август 1928 година (видео)

Низ светот скоро непозната, но во Америка незаборавена марка

» За да им конкурира на Pontiac, Studebaker, Hudson и Willys во средната ценовна класа, Волтер Крајслер на денешен ден 1928 година ја основа марката DeSoto. Истовремено претставениот прв модел Six кој беше ребрендиран Chrysler Six веќе првата моделска година постигна успех продавајќи се во рекордни количини. Тоа не требаше да чуди бидејќи оваа марка беше ценовно позиционирана под Chrysler што беше голем плус во економските тешки времиња. Славата на DeSoto набргу го натера раководството на корпорацијата да ги издигне моделите едно скалило повисоко, каде сé задржа сé до крајот на педесеттите години. Беше меѓу најавантуристичките детроитски марки на своето време според храброста да се понудат возила со смели колорни комбинации и дополнителни детали. За жал заради грешки во менаџирањето и надворешни фактори дојде до губење на идентитетот и при крајот на 1960-тата, само 47 дена после претставувањето на возилата од моделската 1961 година, беше донесена одлука за гаснење на марката. Во текот на нешто повеќе од трите децении постоење вкупно се продадени околу два милиони автомобили од оваа низ светот скоро непозната, но во Америка и ден-денес незаборавена марка.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *