Tags: ,
Денешниот ден во ретровизор <br/>6 август 1965 година

Се роди доставната легенда

» На денешен ден 1965 година започна производството на Transit како прв заеднички модел по создавањето на европската филијала на Ford. Настана на основа на британското комби Thames 400E со механиката на германската лимузина Taunus како одговор на успешниот Volkswagen T1, но со својата функционалност и робусност бргу го надмина. Првата генерација се произведуваше во бројни изведби со многу моторни опции скоро непроменета сé до 1977 година. Популарноста му беше толку голема што според полициски извори во ’70-тите години во 95% од сите грабежи во Велика Британија криминалците го користеле токму него.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *