Tags: ,
Peugeot 408: Ама што…?!

Во очекување на неочекуваното

» Што ли овој пат ни подготвува Peugeot? Најавувајќи го како сосема нов модел во гамата, за новиот 408 Французите ни порачаа да го очекуваме неочекуваното – нов вид на Peugeot кој на оригинален начин ги комбинира карактеристичните SUV особености со динамична фастбек силуета. Зад овие зборови може да се крие сешто, ама некако се дознава дека тоа нема да биде седан верзија на 308 со продолжено меѓуоскино растојание каков што модел под таа ознака се продава во Кина (на сликата долу), туку нешто како купе изведба на 3008… Сепак, за да бидеме сигурни за што всушност зборуваме, ќе почекаме до крајот на месецов за кога е најавена премиерата на овој глобален модел на Peugeot.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *