Tags: , , ,
Првиот електричен автомобил на Toyota (видео)

Коцката е фрлена а картите поделени, но сé уште не е предоцна

» Колку и да се мршти Toyota на засилената електрификација, не може и не смее да ги игнорира трендовите и затоа откако коцката одамна беше фрлена а картите скоро сите поделени, го претстави својот прв електричен модел. Сепак сé уште не е предоцна да се вклучи во трката што ќе го направи не со еден, туку со цело семејство електрични возила групирани во нова подмарка возила означена со буквите bZ, како кратенка од Beyond Zero. Првиот негов член е моделот bZ4X, кросовер по вокација поставен на нова наменска платформа развиена со Subaru. Го видовме како концепт пред половина година од кој серискиот модел скоро и да не се разликува. Според габаритите е колку RAV4, а ќе доаѓа со две погонски опции – со погон на предните тркала и еден електромотор со максимални 204 KS и автономија од 500 km и со два електромотора со вкупно 218 KS, погон на сите четири тркала и автономија од 450 km. Цените најверојатно ќе ги дознаеме во декември.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *