Најпродаван француски автомобил во историјата
» На денешен ден 1961 година започна производството на Renault 4. Овој авангарден мал комби со големи можности им го промени животот на подобро на многу луѓе, не само во Франција туку и низ целиот свет бидејќи се произведуваше во вкупно 28 земји. Затоа и со право го ужива култниот статус што го има, потврден со испорачаните 8.135.424 примероци до 1994 година кога конечно замина во пензија, кои го направија најпродаван француски автомобил во историјата.